ФОТО: Работнички прокоцка +15 и загуби од Сабах

133

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, претрпе уште еден пораз, втор по ред од стартот на квалификацискиот турни од ФИБА Европа купот кој се одржува во Скопје. И покрај предноста од 15 поени, Работнички на крајот загуби од претставникот на Азербејџан, Сабах, со резултат 81-83.

Трајс постигна 29 поени за Работнички, Џелетовиќ и ДеКоси реализираа по 19, додека од македонските играчи Шошкиќ постигна четири, а Ѓуроски три поени.

ФОТО: П.Стојановски