Фото: Прво добредојде во Република Северна Македонија на “Богородица”

100

Бројни домашни и грчки медиуми го следат поставувањето на првата табла со новото уставно име Република Северна Македонија на граничниот премин „Богородица“.

Вчера во сила влезе „Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на ОН, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“.

Синоќа промена претрпе и веб-страницата на македонската Влада, на која од синоќа стои ново лого: Влада на Република Северна Македонија.

(фото Н. Батев)