Наскоро се очекува да бидат донесени посмртните останки на загинатите во автобуската трагедија, а на плоштадот Скендербег во Скопје се поставени венци пред кои граѓаните можат да оддадат последна почит на загинатите.
Граѓаните кои сакаат да оддадат почит, имаат можност тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.
Во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул, загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени.