ФОТО: На госпоѓата и израсна рогот на главата

114

107-годишна дама од кинеската провинција Гуангдонг го привлече вниманието на светската јавност поради реткиот израсток на горниот дел од челото, односно рогот кој го нарекуваме и рог на долговечноста.

Според видеото објавено од нејзиниот внук на платформата Douyin, кинеската верзија на TikTok, г-ѓа Чен е родена на 25 мај 1917 година, за време на Првата светска војна, а нејзиниот рог почнал да расте пред неколку години и сега е долг неколку сантиметри.

И покрај необичниот раст, внукот забележал дека бабата е во одлична здравствена состојба и има уште подобар апетит, а истовремено истакнал дека таа е вистинска весела личност со оптимистички поглед на животот.

Медицинските стручњаци објаснија дека нејзиниот раст го класифицираат како рог на кожата, како појава која е карактеристична за луѓето од повозрасна возраст.

Според нивното толкување, израстоците од овој тип се поврзани со изложување на сонце и прекумерно УВ зрачење, а главно се бенигни по природа и не треба да се отстрануваат освен, се разбира, од естетски причини.

Но, тие исто така препорачуваат во секој случај да се прегледаат поради потенцијалниот ризик од малигнитет.