Марија Задравец од Хрватска е прогласена за европски шампион во секс.
- Уште еднаш им благодарам на сите луѓе кои ме поддржаа и дадоа доволен број гласови за победа. Исто така, благодарам на сите медиуми кои го следеа овој настан и голема благодарност до Шведската федерација за секс за богатата награда. Благодарност до организаторот Драган Братиќ за довербата и можноста за учество во проектот и уште една благодарност до Жига Седевчиќ и Добра Дружба од Словенија кои ме препорачаа за овој проект, напиша Марија на социјалните мрежи.
Таа се врати во Меѓумурје со победничкиот пехар и парична награда од 995.000 евра, пишува „еМеѓимурје“.
Потсетуваме, Марија ја претставуваше Хрватска на европскиот секс натпревар кој траеше два месеци. Во средината на јуни беше објавено дека натпреварувачите го напуштиле натпреварот во Шведска, откако организаторот Драган Братиќ, родум од Топузово Поље во Босна и Херцеговина, и Шведската федерација за секс наводно не им ги платиле хонорарите.
Од натпреварувачите било побарано да имаат секс најмалку 45 минути дневно, а врз оценката на нивните сексуални односи влијаеле издржливоста, техниката и креативноста. Натпреварувачите на крајот тврдеа дека биле измамени за илјадници фунти.
Сепак, на Европското првенство во секс на крајот беше објавен победникот. Иако првенството траеше само еден ден, Марија за време на натпреварот доби најмногу гласови од публиката.