Фудбалската репрезентација на Македонија прокоцка сигурна победа во квалификациската пресметка против селекцијата на Исланд. Избраниците на Благоја Милевски доминираа во поголемиот дел од натпреварот во Рејкјавик, имаа предност од два гола до 78 минута, но можеби клучниот дуел за пласман на престојното СП 2022 во Катар, на крајот заврши без победник (2:2). Македонија дојде до убедливо водство со погодоците на Дарко Велковски и Езџан Алиоски, но Исланд дојде до подарениот бод со погодоците на Бринјар Инги Бјанарсон и на Андри Гудјонсен.
ФОТО: П.Стојановски