Најинтересниот натпревар од 13. коло во македонската Прва фудбалска лига, вечното дерби помеѓу лутите ривали, Пелистер и Вардар, заврши со среќен триумф на домаќинот. Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 92 минута, беше дело на Мирко Ивановски.
Со новите три бода, Пелистер се искачи на 7-та позиција на табелата, додека „црвено-црните“ се заковани на дното.
ФОТО: П.Стојановски
Резултати:
Брера – Силекс 0:1
Беса – Струга 1:2
Работнички – Шкендија 0:0
Шкупи – Гостивар 0:1
Воска – Тиквеш 0:0