Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи и последниот тренинг пред утрешниот квалификациски дуел за престојното Светско првенство во Катар, против селекцијата на Романија. Првиот меѓусебен дуел, одигран во Букурешт, заврши со среќен триумф на домаќинот од 3:2. После пет одиграни кола, Македонија е на четвртата позиција со осум освени бода, еден помалку во споредба со третопласираната Романија. Дуелот на националната арена „Тодор Проески“ ќе стартува во 20:45 часот.
ФОТО: П.Стојановски