ФОТОВЕСТ: Џамбо сендвичи за слониците Дуња и Даела

117

Кој рече дека слоновите не сакаат сендвичи?

– Нашите Зоо негуватели подготвија вкусен оброк за Дуња и Даела – велат од скопската Зоолошка градина.

Инаку, Зоолошка градина Скопје имаше една од најуспешните години во својата историја. Со промена на менаџменот лани во јуни и доаѓањето на директорот Ѓорѓи Галетановски за само шест месеци беа реализирани низа проекти, кои пополека ја водат Зоо Скопје кон членство во ЕАЗА.

– Се направија поголеми поправки и реновирање на постојните живеалишта, со цел подобрување на условите за живот и благосостојба на животните. По шест години чекање и застој, ги завршивме живеалиштата за слон и шимпанза и успешно ги доведовме двете слоници во Скопје. На отворањето на живеалиштето на Дуња и Даела присуствуваа 13 000 посетители, а двете слоници пристигнаа во Македонија на 27-ми септември минатата година вели в.д. директорот Ѓорѓи Галетановски.