ФОТОВЕСТ: Ставија знак за градежни работи и си заминаа – дупката зјае и натаму

1458

По последното невреме што го зафати Скопје минатата недела се отвори голема дупка на тротоарот на булеварот „Теодосија Гологанов“, спроти деловната зграда „Кузман“.

По пишувањето на весникот ВЕЧЕР за опасноста за минувачите да паднат во дупката и да се повредат, некој поставил знак со табла за градежни работи, но до денеска таа зјае како отворена уста подготвена некого да проголта. Прашуваме, чија ќе биде одговорноста ако некој невнимателен минувач пропадне и се повреди?