ФОТОВЕСТ: Кој ќе ја среди џунглава среде Скопје?

169

Неуредено и запуштено изгледа поплочената површина пред „Пастел“ во центарот на Скопје.

Висока трева повеќе од половина метар успеала да израсне меѓу плочките и на никој не му текнува да ја откорне. Бидејќи станува збор за јавна површина надлежноста е на ЈП „Паркови и зеленило“.

Но, минувачи велат дека би можел тоа да го стори и некој од станарите на зградата пред која е џунглата.

Фото: Петр Стојановски