Подобрување на комуникцијата и соработката меѓу ветеринарните служби во регионот, а со тоа подобрување на здравствената состојба кај домашните животни што дирекно влијание врз јавното здравје е целта на вториот форум на директори на ветеринарните служби од регионот на Западен Балкан што денеска и утре се одржува во Охрид во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Форумот е дел од проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“, финансиран од Европската унија, а учествуваат претставници од Генералниот директорат за здравје и безбедност на храната при Европската комисија, Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), како и претставници од Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
– Форумот ќе овозможи брза размена на информации меѓу ветеринарните служби во регионот. Болестите не познаваат граници, брзо се шират со тоа што токму ваквите форуми и меморандуми за соработка ќе ни помогнат за подобрување на здравствената состојба и јавното здравје, истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.
Директорот на управата за безбедност на храна, ветерина и фитосанитарни прашања на Црна Гора
Владимир Џаковиќ смета дека ова вмрежување може многу да им помогне да се изборат со болестите кај животните како африканската свинска чума, птичјиот грип и слично, што има директно влијание и на јавното здравје кај луѓето.
– Директорот на ЦВО на Западен Балкан ќе ни покаже една насока, како некои работи функционираат во ЕУ, кон која сите се стремиме. Ваков собир е многу значаен за борба против болести кај животните, посебно за оние кои се присутни кај нас во регионот како африканска свинска чума, птичји грип…. и директно влијаат врз јавното здравје кај луѓето рече Џаковиќ
Сузан Дитан Расмусен посочи дека Европската Комисија го препознава и поддржува Западен Балкан и оти нуди нуди техничка поддршка за промена на легислативата во согласнот со еврпската.
Барнард Ван Готем, директор на Генералниот директорат за здравје и безбедност на храната при Европската комисија, во видео обраќањето, ја потврди важноста за Европа, од регионалната соработка на земјите и споделувањето на искуства кога станува збор за сузбивање и искоренување на прекуграничните болести кај животните. Потврда за тоа, според него, е Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекуграничните болести на животните (GF-TADs), заедничка иницијатива на Светската организација за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО и Светската организација за здравствена заштита на животните (ОIЕ).
-Преку оваа иницијатива се зајакнуваат регионалните сојузи во борбата против прекуграничните болести на животните и се воспоставуваат програми за контрола на одредени болести кај животните на регионално ниво, како што е на пример беснилото, истакна Ван Готем
За Жан Перше, претставник на Светската организација за здравствена заштита на животните соработката меѓу земјите е од заеднички интерес кога е во прашање справувањето со прекуграничните болести кај животните. Таа помага во институционалната соработка и комуникација, комуникацијата со сточарите, со потрошувачите и е од интерес во заедничката борба за справување со глатта.
На форумот треба да бидат дефинирани и идните полиња и приоритети за регионална соработка и комуникација, со цел преземање на координирани мерки за превенција, заштита и искоренување на болестите кај животните.