Формула 1: Торо Росо стана Алфа Таури и ги смени клупски бои

114

Досегашниот Формула 1 тим Торо Росо во иднина ќе се натпреварува во „летечкиот циркус” под името Алфа Таури и во нови клупски бои.

Тимот го претстави и новиот болид за 2020 година (модел АТ01) кој е во црна и бела боја. Промоцијата се случи во „Хангар 7″ на Ред Бул во Салцбург.

Алфа Таури е модна куќа што е формирана во 2016 година од австриската компанија за производство на енергетски пијалаци. Тимот со седиште во Фиренца, Италија се викаше Торо Росо, откако Ред Бул го купи Минарди на почетокот на 2006 година.

За Алфа Таури во новата сезона на Формула 1 шампионатот ќе возат Данил Квјат и Пјер Гасли кои останаа во екипата.