Формирани осминафиналните двојки во ФА купот

94

Во англискиот ФА Куп, Тотенхем синоќа го совлада Саутемптон со 3:2 во натпревар со кој се заокружи четвртата рунда. Противник во следната фаза ќе му биде Норвич.

Двојки за осминафиналето во ФА купот:
Челзи – Ливерпул
Шефилд Венсдеј – Манчестер Сити
Рединг – Шефилд Јунајтед
Вест Бромвич – Њукасл
Лестер – Бирмингем
Дерби Каунти – Манчестер Јунајтед
Тотенхем – Норвич
Портсмут – Арсенал.

Натпреварите ќе се играат во периодот од 2-5 март.