Фонтаната пред Националната и универзитетска библиотека во Загреб синоќа засвети во боите на знамето на Македонија, во чест на одбележувањето на 30 години независност.

Историскиот референдум на кој граѓаните одлучија за независноста и автономијата на државата се одржа на 8 септември 1991 година. Денес, Република Северна Македонија е членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија, потсети хрватскиот национален сервис ХРТ во објавата, во која ја пренесе изјавата на Милаим Фетаи, амбасадорот на Македонија во Хрватска.

– Можеме да кажеме дека Македонија во овие три децении успеа да стане држава со сите свои атрибути, како на меѓународен план, така и на стабилизација на демократијата внатре во нашата земја, рече амбасадорот Милаим Фетаи.