Софија Лорен доживеа несреќа, итно е оперирана

1110
EPA-EFE/NINA PROMMER

Софија Лорен денеска итно е примена во болница. Таа се лизнала во бањата и паднала во својот дом во Женева.

Извор близок до весникот наведува дека Софија Лорен веднаш била однесена во болница на преглед и констатирана фрактура на бутната коска. Поради тешка повреда таа мораше да биде оперирана.

„Софија попладнето беше оперирана со позитивен исход, сега ја чека рехабилитација.

Софија Лорен можеби е во доцните осумдесетти години, но вели дека се чувствува неколку децении помлада. Имено, за време на промоцијата на филмот „The Life Ahead“, кој дебитираше на Нетфликс пред три години, актерката изјави дека се чувствува како да има дваесетина години.

“Ако си здрав и правиш нешто во што уживаш, не можеш да помислиш – Боже, утре ќе умрам. Зошто некој би го променил своето тело за да личи на некој друг ако е навистина среќен. Никогаш не размислував за тоа. Го сакам тоа што го имам. Се сакам себеси“, рекла Лорен.