Фицо: Следната година сакам да отпатувам за Москва, кој ќе ме спречи?

84
CZECH REPUBLIC DIPLOMACY V4

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека е подготвен да ја посети Москва следната година по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
– Се прашувам кој ќе ме спречи да патувам за Москва следната година, кога ќе се навршат 80 години од крајот на Втората светска војна? Кој ќе ме спречи? Мислам дека ќе одам, зошто да не одам? Каква врска има тоа со денешното време? – праша Фицо во емисијата „Саботни дијалози“.

Тој посочи дека не треба да се заборави „од каде дојде слободата“.

– Слободата дојде од исток – додаде тој.

Фицо исто така рече дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД најверојатно би можела да помогне да се стави крај на конфликтот во Украина.

– Сите го чекаат изборот на новиот американски претседател како да е чудо. Во предизборната кампања секогаш има силни изјави. Не сакам да кажам кој е мојот омилен, бидејќи тоа е одлука на американските граѓани и ние сме должни да ја почитуваме. Изјавите како „војната ќе заврши утре“ не се реални бидејќи ситуацијата не е толку едноставна. Но, мислам дека доколку биде избран Доналд Трамп, шансите за прекин на конфликтот се многу поголеми отколку ако биде избрана г-ѓа Харис – рече тој.