Фицо: „Планот за победа“ на Зеленски е апсолутно нереален и неизводлив

77

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска го нарече „планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски „апсолутно нереален и неостварлив“.

„До сега имаше барем некои обиди да се презентираат планови за мир, но господинот Зеленски во Брисел не презентираше план за мир, туку документ што го нарече „план за победа“, кој меѓу другото се заснова на што би требало да направиме (во Украина, тоа се, на пример, ракети со среден и долг дострел, кои тој ќе ги лансира кон Русија, поради што многу луѓе си ја чешаат главата (за време на Самитот на ЕУ во Брисел). “, рече Фицо, пренесува РИА Новости.

Во интервју за ТВ каналот ТА3, премиерот на Словачка рече дека овој план е „апсолутно нереален и неостварлив“.