Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека спасувачката акција на Железничката станица во Нови Сад е завршена, а конечниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени.
– Заврши спасувачката акција во Нови Сад. Дефинитивниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени – изјави министерот Дачиќ.