Филм: “Што сакаат мажите“ – преку нивните мисли

101

“Што сакаат мажите“ (What Men Want) во режија на Адам Шанкмен е комедијата која публиката наскоро ќе ја види на големото платно.

Во неа главната улога и припаѓа на неодоливата Тараџи П. Хенсон која ја засакавме во серијата “Империја“ како Куки.

Во комедијата “Што сакаат мажите“ Хенсон се прикажува во сосем ново светло. Во овој филм, таа игра улога на спортски агент, а проблем се јавува кога нејзините машки колеги ја саботираат и сакаат да ја отстранат од професијата. Сепак, таа добива неочекувана предност кога развива способност да ги чита нивните мисли…

Во останатите улоги настапуваат Венди МекЛендон -Кови, Макс Гринфилд, Кален Лутц, Пит Дејвидсон.