Филм: „Станот 32“ – дом на кошмари

81

„Станот 32“ e насловот на шпанскиот игран филм кој скопската публика може да го погледне во градските кина.

Жанровски, ова остварување е хорор, а во него дејството е концентирано на едно семејство кое се сели во нова куќа, во градот од нивните соништа. Кон крајот на седумдесетите години од 20-от век, семејството Олмедо го купува станот 32 на улицата Мануел Маласања, во стариот дел на Мадрид. Напуштајќи го малото провинциско место, тргнуваат на пат кон престолнината која им нуди просперитет и живот од соништата. Но, постои нешто што семејството Олмеда не знае – во станот во кој ќе живеат, не се сами. Необјаснивите појави кои ќе следат наскоро, ќе им го загрозат животот. Ова е најгледаниот шпански филм за оваа година, заснован на вистински настани.

Улогите ги толкуваат Бегона Варгас, Иван Маркос, Беа Сегура, Серџио Кастелано, а режијата е на Алберт Пинто.