Филм: “Кој се плаши од волкот лош 2”- анимирана комедија

78

“Кој се плаши од волкот лош 2” е руската анимирана комедија во режија на Владимир Николаев, која македонската публика наскоро ќе може да ја види во градските кина.

Во неа обединетиот град на овци и волци живее мирен и тивок живот се додека не се појават двајца неочекувани гости – поларната лисица и малото прасе. Никој никогаш не се посомневал дека на оваа заедница ќе и се случи смртоносна опасност, која би можела да биде надмината само доколку бидат сплотени. Но само тимската работа може да ги реши големите проблеми и сериозните предизвици – бидејќи во единството е силата…

Во филмот, меѓу другите, гласовите ги позајмуваат Роберт Ленс и Владимир Николаев.