Филм: “Алита: Борбениот Ангел” – кога ќе го откриеш своето минато

94

“Алита: Борбениот Ангел” е најновото остварување на двајцата филмски визионери, Џејмс Камерун, како сценарист и Роберт Родригез, како режисер кое публиката ќе може да го види наскоро во градските кина.

Филмот е епска авантура за потрагата по надеж и сила, а во него киборгот Алита ќе се разбуди без сеќавања во светот на иднината, а таму ќе ја пронајде докторот Ајдо, кој увидува дека во ова оддамна напуштено тело на киборг се наоѓа срце и душа на девојка со извонредно минато. Додека Алита се прилагодува на новиот живот во Ајрон Сити, Ајдо сѐ обидува да ја заштити од нејзиното мистериозно минато, а нејзиниот нов другар Хуго да и ги врати сеќавањата. Но, кога смртоносните и корумпирани сили кои го водат градот ја напаѓаат Алита, таа ја дознава вистината за своето минато, таа поседува борбени вештини кои моќниците ќе се обидат да ги контролираат по секоја цена…

Улогите ги толкуваат Роса Салцар и Кристоф Волц.