Филмот „Соседната соба“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар го „бакна“ Златниот лав во Фенеција

30
epa11592248 Spanish director and screenwriter Pedro Almodovar holds the Golden Lion award for his movie 'The Room Next Door' during the closing ceremony of the 81st annual Venice International Film Festival, in Venice, Italy, 07 September 2024. EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Филмот на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Соседната соба“ ја освои наградата Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција.

Тоа е првиот филм на Алмодовар на англиски јазик кој се занимава со тешки теми за евтаназија и климатски промени.

Филмот доби 18-минутни овации кога беше премиерно прикажан во Венеција претходно оваа недела, еден од најдолгите во последно време, објави Ројтерс.
Алмодовар (74) ја доби наградата за животно дело во Венеција во 2019 година.

Втората награда – Сребрен лав и припадна на италијанската режисерка Маура Делперо за драмата „Вермило“ сместена на италијанските Алпи за време на Втората светска војна.

Никол Кидман ја доби наградата за најдобра актерка во филмот „Бејбигрл’“ (Babygirl). Таа не присуствуваше на доделувањето откако дозна дека нејзината мајка ненадејно починала.

Французинот Винсент Лендон е прогласен за најдобар актер за филмот „Тивкиот син“, кој ја раскажува приказната за семејство уништено од екстремниот десничарски радикализам.

Наградата за најдобра режија му припадна на американскиот режисер Брејди Корбет за филмот „Бруталистот“ кој зборува за унгарски преживеан од холокаустот кој се обидува повторно да го изгради својот живот во САД.

Со венециското жири годинава претседаваше француската актерка Изабел Ипер.