Македонскиот ракометен репрезентативец и еден од најдобрите играчи на македонскиот шампион Вардар, Филип Талески, на крајот од сезоната ќе остане без догвор, а тоа дава голема веројатност да замине од Скопје, во нов интернационален предизвик во кариерата.

Според пишувањето на угледниот португалски медиум „O Jogo“, Талески од следната сезона ќе ги брани боите на екипата на Бенфика. Оваа екипа од лето ќе ја води Жота Гонзалез, човекот кој му беше асистент на Раул во ПСЖ, а сега работи на изградба на тимот. Бенфика е во потрага по лидер на левата бековска позиција, а Талески е опција број еден и според „O Jogo“ недостига само потпис да го засили ланскиот освојувач на Европската лига на ЕХФ.

Покрај Бенфика, за македонскиот репрезентативец заинетерсиран е и Кадетен Шафхаузен. Талески е голема желба на Хрвоје Хорват, кој од следното лето ќе седне на клупата на швајцарскиот тим, меѓутоа според најавите ќе извиси за потписот со двометрашот.

Талески својата кариера ја започна во Металург, каде што бргу стана еден од најмладите лидери. Во 2017 година следеше сензационален трансфер во Рајн Некар Левен, каде што се задржа две сезони, потоа играше една во Белинген, пред да се врати и да ја задолжи опремата на Вардар во 2020 година. Талески неколку години беше меѓу најдобрите ракометари во Суперлигата и лидер на Вардар, меѓутоа пред 27-годишникот сега е нов интернационален предизвик.