Филипче: 20-годишна девојка може да остане без нога

98

Здравствената состојба на 20-годишна пациентка која настрада во сообраќајната незгода на автопатот Скопје-Тетово е сериозна, бидејќи во опеартивниот задфат што се изведува над во Клиничкиот центар каде што се лекува може да и биде ампутирана ногата.

Според министерот за здравство лекарски конзилум решава како да постапи, но можно е да треба да се направи ампутација на ногата зошто е многу нагмечена – кажа денеска министерот за здравство, Венко Филипче додека беше во посета на пациентите згрижени во Градската општа болница “8 Септември”

Според него во животно загрозувачка состојба, покрај оваа пациентка, се и уште 5 други пациенти, сите со сериозни повреди кои зафаќаат повеќе системи на човековото тело.

-Пациентите на КАРИЛ се во навистина тешка состојба. Повредните се на градниот кош и стомакот – вели Филипче.
Во мометов во „8 Септември“ се лекуваат 28 пациенти повредени во сообраќајката. Кај двајца е направена операција, а кај двајца ситуацијата е критична.
На КАРИЛ се лекуваат четворица пациенти и уште четворица на другите клиники, меѓу кои трудницата која се наоѓа во петтиот месец од бременостаи е згрижена на Гинекологија. Мајката и бебето се во добра здравствена состојба и будно се следат од лекарскиот тим.

Според директорот на болницата 8 Септемрви, Христијан Костов, во нивната болница двајцата пациенти кои се на интензивна нега и во моментов тие се поврзани на апарати за дишење. Доктор Костов повтори дека во болницата има доволно количина на крв за сите пациенти.