Филипче со смирувачки тонови:Тројцата македонски државјани што се на бродот во Јокохама не се заболени од корона вирус

Иако расте бројот на заболени од корона вирусот внатре во бродот што е во карантин во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, тројцата наши државјани кои работеле на бродот не се меѓу заболените. Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, информациите ги добивале преку луѓето  кои се назначени за комуникација преку меѓународниот здравствен правилник, а тоа се двајца наши вработени во Институтот за јавно здравје кои на дневна основа комуницираат со таа меѓународна институција. Што се однесува пак за тоа  дали има најава од Кинеската амбасада кога треба да се вратат кинеските работници кои работат во земјава, Филипче посочи дека засега немаат информација од амбасадата.

80

Иако расте бројот на заболени од корона вирусот внатре во бродот што е во карантин во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, тројцата наши државјани кои работеле на бродот не се меѓу заболените. Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, информациите ги добивале преку луѓето кои се  назначени за комуникација преку меѓународниот здравствен правилник, а тоа се двајца наши вработени во Институтот за јавно здравје кои на дневна основа комуницираат со таа меѓународна институција.

Што се однесува, пак, за тоа дали има најава од Кинеската амбасада кога треба да се вратат кинеските работници кои работат во земјава, Филипче посочи дека засега немаат информација од амбасадата.

-Од амбасадата треба да најават кога тие кинески државјани кои треба да се упатат во нашата земја ќе бидат ставени во карантин. Значи ќе имаме уште дополнителни две недели откако тие ќе бидат во карантин и практично и кинеските здравствени власти ќе бидат осигурани дека ќе бидат пратени здрави заради тоа што ќе помине периодот на инкубација и ние дополнително да се осигураме со нашите превентивни прегледи – објасни Филипче.

Министерот вчера го пушти во употреба реновираниот вакцинален пункт во Поликлиниката во Ѓорче Петров, каде е набавен и нов дигитален рендген-апарат. Филипче истакна дека се следат стандардите и упатствата на Светската здравствена организација (СЗО).

Според него, на територија на градот Скопје висок е опфатот со вакцинација со задолжителното вакцинирање, над 99% во Скопје, а над 95% ширум државата.

– За неколку дена ќе биде пуштен во употреба и новиот рендген дигитален апарат, што на жителите на овој регион значајно ќе им олесни пристап до оваа рендген услуга. Пациентите нема да мора да одат до болниците „8 Септември“, старата градска болница и Клиничкиот центар и преку системот МојТермин ќе се скрати времето за чекање – вели министерот Филипче.

Тој потсети дека минатата година се воведоа две нови вакцини за заштита од пневмокок и рота вирус, кои ги штитат најмладите пациенти од инфекции, кои се чести во детската возраст, особено кај деца кои посетуваат градинки. Имунизацијата е единствената мерка која нѐ заштитува од заразни заболувања. Исполнета е препораката на СЗО со опфат на вакцинација над 95% со МРП вакцина.

Истовремено министерот најави дека се зајакнува и Службата за Итна медицинска помош (ИМП) со возилата кои ги очекуваат, а се набавени преку Министерството за здравство и преку кинеската помош.

– Тоа се 70 возила кои ќе бидат соодветно дистрибуирани пред сè за да се зајакне Службата на ИМП тука во Скопје, но и во сите итни служби и патронажни сервиси ширум државата. Со тоа заедно со мерката за вработување на сите доктори со стаж кој е платен 30.000 денари и тие практично почнуваат со работа непосредно по добивањето на лиценцата од Лекарската комора за што имаат отворен процес на аплицирање и кој како завршува веднаш може да почне согласно местото на живеење – додаде Филипче.

(В.Ма.)