Зошто луѓето новите мерки ги доживуваат како казна? Тие се носат за заштита на јавното здравје, бидејќи нема да може да издржи здравствениот систем ако има огромен број на заболени, изјави министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување на ТВ 24, коментирајќи ги новите рестрикции за угостителството.
„Во изминатиов период имавме значајно зголемување на бројот на заразени граѓани од 30 и 40 години и увидовме дека во огромен процент причина се настани на кои не се почитуваат мерките. И во регионот се носат рестриктивни мерки. Целта е да немаме „тврди мерки“, да затвориме се, затоа треба да интервенираме таму каде што се кршат протоколите и тоа што е извор на зараза. Секаде каде имаше настан мерките не се почитуваа и ние тоа го гледаме по епидемиолошките анкети. Целта е да се намали ризикот таму каде што очигледно има трансмисија на вирусот. Затоа се забранува музика, диџеи, се намалува гласноста на музиката на пример, со цел да се држи дистанца и секако намалување на бројот на луѓе кои седат на маса од 12 на 4“,
вели Филипче.