Филипче: Епидемијата се стишува, но олабавувањето на мерките ќе оди постепено

124

Бројот на тестови се намалува затоа што бројот на лица за кои се сомневаме дека се заболени од КОВИД-19 е сѐ помал, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Епидемијата се стишува, како што и очекувавме во овој период. Со олабавување на мерките треба да спречиме голем број на ново дијагностицирани пациенти. Затоа олабавувањето ќе оди постепено, со препораки, со задолжително носење на маски, на одржување на дистанца – само на тој начин епидемијата ќе ја држиме под контрола, наведува Филипче во објавата.