Охрабрува што расте бројот на оздравени и на домашно и болничко лекување, смета министерот за здравство Венко Филипче и потенцираше дека позитивни се вестите кои доаѓаат во однос на вакцините.
“Очекуваме ковакс системот да профункционира кога ќе почне да ги даваат. Во координација сме во однос на системот на чување и дистрибуирање. Тоа е одлична вест која следната година веројатно ќе ја смени целокупната слика за пандемијата во светот и во таа насока ќе може да очекуваме и стабилизација“, додаде Филипче.
Апелирам до граѓаните дека вирусот ќе опстане и оти е широко распространет, и затоа треба да се почитуваат мерките“, рече министерот на денешната прес-конференција во Владата.