Фетел со својата Лина ќе го нападне Хамилтон

143

Викендов стартува новата сезона во Формула 1, а во пресрет на првата трка која ќе се вози во Мелбурн, за Големата награда на Австралија, откриена е „најголемата тајна# во редовите на Ферари.

Навивачите на тимот од Маринело, популарните „Тифози#, со нетрпение чекаа на последната непознаница поврзана со нивните момци, а тоа името на болидот кое ќе го даде првата виолина на тимот, Германецот Себастијан Фетел.

Германецот редовно на својата „летечка машина# и дава женско име, па така оваа сезона таа ќе се вика Лина. Тој од својата Лина очекува да биде еластична на патеката и воедно да му донесе доволно бодови за титула.

-Има убаво име, истакна четирикратниот шампион во најбрзиот циркус на денешницата.

Фетел сите титули ги освои со тимот на Ред Бул, додека со тимот од Маринело има две втори места, едно трето и четврто место во вкупниот поредок. Можеби токму сега е време за да се дојде до врвот и воедно да ја прекине доминацијата на Мерцедес.

Инаку, претходните имиња на болидот на Фетел своевремено се викаа Јулија (2008 година), Кејт (2009), Лусиуз Лиз (2010), Кинки Кајл (2011), Ејби (2012), Ангри Хејди (2013), Сузи (2014), Ева (2015), Маргерита (2016), Џина (2017), Лорија (2018) и овој пат Лина.