Фестивалот „Еxit 2024” во Нови Сад се отвора во спомен на Никола Тесла, а Хрватот Бејби Лазања ќе го предводи музичкиот крем

214

По 24. пат на Петроварадинската тврдина!

Од вчера, па сè до 14 јули, на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија, се одржува 24. Интернационален музички фестивал EXIT 2024. Овој фестивал има големо значење за светската популарна музика, на чијашто сцена секогаш настапуваат над 1.000 изведувачи. А, изведувачите во текот на тие денови, ги следат околу 300 илјади посетители кои испиваат големо количество пијалаци. И топлото време се погоди, па сè си е погодено за одлична долготрајна журка на отворено.

Првиот ден од фестивалот е во знакот на роденденот на големиот светски и српски научник Никола Тесла, со слоганот „Заедно да ја разбудиме нашата супермоќ“.            Потоа музичката програма и музичкиот крем, ќе го предводат Бејби Лазања, успешниот хрватски евровизиски претставник, како и водечките уметници од новата генерација: поп-ѕвездите Инико, Бурак Џетер, а чиј специјален гостин е Димас Кудаиберге. Ќе настапат и Алисон Вондерленд и Теја Дора, српската евровизиска претставничка.

Во МТС-Денс „Арена” ќе настапат: Карл Кокс, Бонобо, Блек Кофи, Мацео Плекс, како и предводниците на техно и хаус сцената на новата генерација, I Hate Models, Klangkuenstler, Patrick Mason, Franky Wah, Barry Can’t Swim, Sama’ Abdulhadi.
Фестивалот ќе биде отворен и на летниот „Штранд“ од 15 часот со настапот на холандскиот диџеј Вин Хоф. Со тоа забавата ќе започне малку порано за камперите, кои  престојуваат на Дунавскиот „Штранд“.

Во Нови Сад како и секое лето така и ова, пополнети се сите туристички и хотелски капацитети, а на најпопуларната плажа на убавиот син Дунав веќе се поставени околу 100-тина шатори, каде што престојуваат посетители од целиот свет, но и домашни туристи и гости од околните балкански земји.

Фестивалот „Exit 2024“ ќе биде гламурозно затворен во доцните вечерни часови со огномет, на 14 јули, а со настапите на: Black Eyed Peas, диџеј Карл Кокс, гитаристот Том Морел и многу, многу други.