Лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе се обиде во финишот од зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Бенфика, Енцо Фернандез. За разлика од пред неколку недели, лондонските „сини“ сега се подготвени да ја исполнат големата желба на Бенфика односно да понудат 120 мил. евра за обештетувањето на најдобриот млад фудбалер на Мундијалот во Катар.