Фергусон се пензионираше поради Роналдо и Бејл!

87
epa10471304 Manchester United's former head coach Sir Alex Ferguson attends the Europa League playoff, first leg soccer match between FC Barcelona and Manchester United, in Barcelona, Spain, 16 February 2023. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Легендарниот Сер Алекс Фергусон беше менаџер на најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, од 1986 до 2013 година кога се пензионираше. Со „црвените ѓаволи“ двапати беше шампион на Европа, 13 пати шампион на Англија, еднаш светски клупски шампион, а освои уште неколку купови и суперкупови.

Под негова палка играа врвни играчи кои продефилираа низ Манчестер Јунајтед, а еден од нив е и легендарниот Французин, Патрис Евра. Токму тој раскажа уште неколку детали за 2013 година, годината во која Фергусон се пензионираше, во подкастот „Obi One“.

Имено, Кристијано Роналдо и Герет Бејл беа желбите на Фергусон таа година, за да се обиде да го оживее тимот од „Олд Трафорд“.

Се беше договорено и тоа 99%, но раководните лица на Јунајтед не ги одобрија 200-те милиони фунти за двата трансфера, по што Шкотланѓанецот се повлече.

„Фергусон ми рече: „Патрик, Кристијано Роналдо е 99% потврден, а исто така и Герет Бејл. Се сеќавам дека ја напуштив канцеларијата и си помислив: „Кристијано ќе се врати, а Герет Бејл… Исто како во книгите, замисли“, изјави Евра.

На крајот на таа година во 2013 година, Герет Бејл од Тотенхем за 101 милион евра замина во Реал (М). Кристијано Роналдо веќе беше во Реал, каде во 2009 година замина од Манчестер Јунајтед и заедно со Велшанецот таму испиша историја.