Првото целосно помрачување на Месечината ќе се совпадне со феноменот Супермесечина или „крвава“ месечина оваа година. Двата феномена ќе се случат во раните утрински часови на утрешниот ден и само среќните ќе можат да го проследат космичкото „шоу“ со голо око.
Оваа супер „крвава“ месечина во среда ќе им понуди најдобар видик на жителите на Пацификот – како и на оние од западната половина на Северна Америка, дното на Јужна Америка и источна Азија.
Подобро погледнете брзо: целосното затемнување ќе трае околу 15 минути додека Земјата поминува директно помеѓу Месечината и Сонцето. Но, целото „шоу“ ќе трае пет часа, бидејќи сенката на Земјата постепено ја покрива Месечината, а потоа почнува да се повлекува. Црвено-портокаловата боја е резултат на сите изгреви и зајдисонца во Земјината атмосфера што се проектираат на површината на затемнетата Месечина.
„Хаваите ги имаат најдобрите „седишта“, а приближно добар ќе биде видикот и од Калифорнија и северозападната страна на Пацификот“, рече Ноа Петро од Наса, научник за проектот за лунарниот извидувачки орбитар. Нов Зеланд и Австралија исто така ќе имаат врвен поглед.
Кружејќи околу Месечината 12 години, орбитерот ќе ги измери температурните промени на површината на Месечината за време на затемнувањето. Телескопи над Мауна Кеа на Хаваи исто така ќе ја следат Месечината, рече Петро.
Месечината ќе заоѓа, а сонцето ќе изгрева по должината на источниот брег на САД, оставајќи ги набљудувачите во исчекување – вклучувајќи го и Петро во Вирџинија – речиси без среќа. Европа, Африка и западна Азија ќе го пропуштат спектаклот. Преноси во живо ќе бидат достапни.
Но секој еден, каде и да се наоѓа ќе може да ужива во глетката на посилно блескавата месечина од вообичаеното, доколку тоа го допуштат временските услови.
Месечината ќе биде оддалечена повеќе од 220.000 милји (357,460 км). Токму големата близина во комбинација со полната месечина се квалификува како Супермесечина-феномен што прави месечината да изгледа малку поголема и поблескава.
Следното целосно затемнување на Месечината ќе биде мај 2022 година. Последното беше јануари 2019 година, пренесува Гардијан.