EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Феникс го извести Крис Пол дека ќе ја прекине соработката со него. Искусниот 38-годишен плејмејкер претстојното лето ќе биде слободен агент. Санс има право да го задржи Пол уште една година за 30,8 милиони долари, но, најверојатно, ќе се откаже од таа опција.

За да се ослободат од неговиот договор, ќе мора да му платат 15,8 милиони долари, освен ако не најдат друг начин да се разделат како, на пример, размена. Пол ги помина претходните три сезони со Санс, со кој стигна до финалето на НБА во 2021 година.

Тој ги пропушти последните четири натпревари од плејофот оваа сезона поради повреда на препоните, а Санс беше елиминиран од Денвер нагетс со 4:2 во второто коло.