Претседателот на Тениската федерација на Германија, Дирк Хордорф, тврди дека швајцарскиот тенисер Роже Федерер, ја искористил позицијата во АТП Советот на играчи да го промени системот на бодувања и така самиот да си се заштити.
Факт е дека Федерер најмногу профитирал од „замрзнатиот ранкинг“ и новиот начин на бодување по кој се гледаат 18 – те најдобри резултати во периодот од 22 месеци, наместо стандардниот период од 12 месеци.
Хордорф е убеден дека АТП оваа одлука ја донел под влијание на Роже Федерер. Швајцарецот сезонава играше само на Австралија опен, а благодарение на новиот систем на бодување успеа да ја заврши сезоната на петта позиција.
-Роже го промени системот на бодување со цел да си се заштити самиот. Тоа е неодговорно и потполно неконкретно. Тој ја користи предноста која што ја има во Советот на АТП на играчите. Никој не зборува за тоа, но јасно е дека Федерерне би бил ниту во Топ 50 доколку не беше „заштитениот ранкинг“, истакна Хордорф.