Федерер сака да ја заврши кариерата на Вимблдон

71

Најтрофејниот тенисер на денешницата, Швајцарецот Роже Федерер, откри дека би сакал да ја заврши кариерата на „Вимблдон“, каде ја освои првата од 20-те гренд слем титули. Актуелниот двократен шампион на Австралија опен изјави дека не сака „крај од бајките“ на својата кариера, туку да го напушти теренот во добра здравствена состојба.

  • Има многу места кои се посебни за мене, за среќа. Но, да, ако треба да одберам, „Вимблдон“ ќе биде идеално место за да ја завршам својата кариера. Не мислам да се откажам, ако освојам гренд слем титула на некое определено место, истакна Швајцарецот за Си-Ен-Ен.

Федерер, кој е професионалец од 1998 година, освои 99 титули. Се очекува тој да не сопре со тенисот до Олимпијадата во Токио во 2020, каде што ќе се обиде да додаде златен медал кон триумфот во парови во Пекинг во 2008.

  • Мислам дека медиумите очекуваат да ја завршам кариерата со голема титула, а јас одамна не сакам да завршам на тој начин. Додека сум здрав и уживам во својата игра, знам дека ќе биде емоционално. Ова треба да биде среќен ден, кој правилно ќе се прослави, а не сите да бидат тажни, како да е погреб, додаде Федерер.

Маестро ја започнува одбраната на титулата на Австралија опен со дуел во првиот круг против узбекистанецот Денис Истомин, кој во 2017 година го победи изненадувачки во вториот круг тогашниот шампион и актуелен број 1 во светот – Новак Ѓоковиќ.