Федерална управа за цивилна заштита: Меѓу 20 и 40 лица исчезнаа во поплавите во БиХ

83
Фото: facebook FrontalPortal

Вечерва е пронајдено уште едно мртво лице во Доња Јабланица, јави од местото на настанот репортерка на N1 Сараево.

Официјални лица потврдија дека меѓу 20 и 40 лица се водат како исчезнати.

Како што јавува репортка на N1 Сараево од местото на настанот, се стравува дека бројот на жртви од поплавите и одроните ќе биде многу поголем од досега потврденото.

Федералната управа за цивилна заштита потврди за N1 дека меѓу 20 и 40 лица се водат како исчезнати, во основа, дека се заробени во урнатините или се под вода.

Џамијата и многу куќи во Долна Јабланица се уште се целосно потопени, а багерите се обидуваат да ископаат канали за да може водата да се повлече за да продолжи потрагата по исчезнатите.

Иако е темно, сепак екипите се на терен. Криминалистичката полиција истражува како дошло до одронот.

Засега е потврдено дека се загинати 19 лица.