Главната улога во спотот ја има згодната Македонка Иларија Кирилов, која прекрасно се вклопи и со градот Мостар, родното место на овие популарни музичари
–
Популарните и кај нас омилените Жељко Самарџиќ и групата „Црвена јабука“ објавија спот за песната „Алеје љубави”. Убав спот, убава песна, ама низ спотот овие популарни пејачи не шетаат низ поранешните југословенки градови со што на најјако ја будат ЈУ-носталгијата. Има уште многу луѓе кои тоа го сакаат, па токму затоа спотот има и голем гледаност.
Спотот се снимаше во ова време на коронавирусот, па токму и затоа овие пејачи-музичари, со нивната колешка Тереза Кесовија (за песната „Има те“) се единствените естрадњаци кои ова лето сред пандемијата снимаа свои видеоизданија, заслужувајќи така огромни честитки за севкупната храброст!
–
Музиката и текстот на песната „Алеје љубави“ ги напиша Мирко Шенковски-Геронимо, а аранжманот го направи Мирослав Столица.
Спотот се снимаше речеси цело лето на просторите на поранешна Југославија. Се почна од Скопје, па преку Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Подгорица до Скадарско езеро и Јадранско море и секако на реката Неретва во Мостар, родниот град на Жера и Жељко.
За нас во Македонија е најинтересно што главната улога во спотот ја има преубавата Македонка Иларија Кирилов. (Д.М.)