Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на ФЗО

61

Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на Фонд за здравство (ФЗО). Ахмети е кадар на владејачката ДУИ. Тој преку својот фејсбук профил објави:

Почитувани соработници и сопартијци, ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција.

Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша на Фејсбук.

ФЗО од поодамна има двајца директори, едниот поставен од владејачката партија, другиот од нејзиниот коалициски партнер од политичкиот блок на Албанците. Директор на Фондот е Магдалена Филиповска Грашкоска. Таа ја делеше функцијата со Ахмети.