Фатени крадци, извршиле тешка кражба во Скопје

54

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода денеска ги лишиле од слобода С.О.(37) и Ф.А.(36), двајцата од Скопје.

Од МВР информираа дека тие се сомничат дека вчера извршиле тешка кражба во објект на правно лице на ул.„Сава Ковачевиќ“, при што одзеле повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.