Фановите шокирани од одлуката на Рафаел Надал

825

Организаторите на мастерс тенискиот турнир во Мадрид, одлучија да му укажат голема чест на светскиот тениски рект број два Рафаел Надал. Тие посакаа арената во Мадрид да го носи неговото име, односно наместо досегашниот назив „Маѓична Кутија“, истата да се вика „Маѓична Кутија  – Рафаел Надал.“

Во „Маѓичната Кутија“ се одржува мастерс тениски турнир од серијата 1000 и тоа уште од 2010 година, а Надал дури пет пари се закити со титулата во престолнината на Шпанија. Оваа идеја ја изнесе Фернандо Мартинез Видал, член на Градскиот совет. Но, Надал смета дека е многу рано да се менува името на „Маѓичната Кутија.“

  • Надал и целиот тим се воодушевени од предлогот, но сметаат дека се уште е рано, односно не е вистинско време. Тој не сака на неговите противници да им биде непријатно додека играат на теренот што го носи неговото име. Побара од нас оваа промена да се изврши дури откако ќе ја заврши кариерата, рече Мартинес Видал и додаде:
  • Надал веќе има разни признаија од Градот Мадрид, но веруваме дека со овој потег ќе направиме чекор понапред.

Салата во Мадрид е отворена во 2009 година, а Надал во неа има 41 победа и седум порази, а освен петте титули, на овој терен тој се закити и со титулата во Дејвис купот.