Фолкерката Елена Велевска е пејачка која плени и со глас и со стас. Иако настапите не се како порано, таа сега има повеќе слободно време да ужива  со нејзините три деца , Софија, Марко и Калија. Од друга страна, пак, не го запоставува и физичкиот изглед па постојано вежба.

До сега секогаш  имавме можност да ја гледаме нашминкана, со средана фризура и во некоја совршена модна комбинација. Но, овој пат таа се осмели да направи различен чекор и објави фотографија без шминка. И, да нејзините обожаватели беа воодушевени од нејзиниот совршен лик и ѝ упатија многубројни  убави коментари.

Елена Велевска/ Фото: Инстаграм

„Лепото, Цеца може да се поклони пред тебе. Цеца не ти е до колена“ – гласат едните од коментарите.

Но, сепак и кариера и изгледот се во втор план кога се во прашање децата.

„Да се биде мајка е едно од најубавите чувства за која било жена, тоа е едно големо признание и најголем епитет. Кога се станува мајка тоа значи дека не ти е тешко ништо да направиш за детето, тоа значи дека вложуваш во себе и во својата иднина. Апелирам до младите да не остануваат без деца, затоа што сè е минливо, и младоста и кариерата“,  истакнува Велевска. (М.А.)