Фановите и порачаа на Ана Ивановиќ: Швајни нека ти купи ци*ки (ФОТО)

643

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ е во пензија веќе осум години. Ана се пензионираше на 29 години и се посвети на семејството што го создаде со познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

Заедно со Јелена Јанковиќ и Новак Ѓоковиќ, Ана Ивановиќ одбележа ера на српскиот тенис. Во 2008 година успеа да стане светски рекет број еден со освојувањето на Ролан Гарос, но на 29-годишна возраст реши да ја заврши кариерата.

Ивановиќ се пензионираше во 2016 година. Таа се посвети на семејството и бракот со познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Тие имаат три деца, а и покрај трите бремености, поранешната српска тенисерка се уште изгледа навистина спектакуларно.

Ивановиќ често објавува фотографии на кои го истакнува своето тело. Така е и овој пат, но под фотографијата на која ужива на плажа се појавија доста грди коментари. На многумина им пречи фактот што е прилично слаба. Се огласија дежурните коментатори.

„Јадете ли нешто? Дали ви даваат нешто да јадете?“, има бројни коментари, особено од луѓето кои доаѓаат од Балканот, пред се од Србија.

Многу се коментарите и за тоа дека Ана нема бујни гради.

„Швајни нека ти купи гради“. „Зошто ги покриваш градите кога нема ништо“. „Раман си како даска“ се дел од бруталните коментари кон поранешната тенисерка.

Секако, има уште многу убави коментари. Има многу обожаватели кои и велат дека изгледа навистина прекрасно и дека никогаш не се менува.

Ана Ивановиќ често е критикувана поради бракот со германски фудбалер и поради тоа што со него ги слави сите католички празници. Ана (36) знае да биде на удар на критичарите, а доказ е божиќната прослава од пред неколку години.

„Каква Србинка си, ги изневери Иринеј и Амфилохи“, беше еден од коментарите под фотографијата.

Тогаш многумина и велеа дека ги изневерила Србија и нејзиниот народ затоа што го слави католичкиот Божиќ, а не православниот Божиќ кој се слави на 7 јануари. Ана никогаш не одговори на ваквите коментари. Нема потреба, бидејќи тие се таму само за да провоцираат и предизвикуваат негативност.