Фаворитите се на потег

53

Фаворитите, барем тие на хартија, не би требало да имаат некој посериозен проблем кога се во прашање денешните осум натпревари од 3. коло во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. И покрај новиот кикс во домашниот шампионат, само еден бод во дуелот против Алавес, каталонскиот гигант Барселона не би требало да има некој посериозен пробелм во дуелот со украинскиот преставник, Динамо (К).

  • Искрено, малку сум загрижен кога е во прашање нашата ефикасност. Не станува збор за некакво однесување, за концентрација, но мора да бидеме поуспешни пред противничкиот гол. Тоа ни се случи на дуелот против Јувентус и Алавес. Создаваме доволен број на шанси, но имаме проблем со реализацијата. Не може да постигнуваме само еден гол, изјави предводникот на Барса, Роналд Куман.

Најпосле една убедлива победа на своето конто би требало да запише и италијанскиот калчолигаш Јувентус, затоа што се освен убедлив триумф на гостувањето во Унгарија ќе биде дефинирано како вистинска сензација.

  • Добро знам дека моментално има многу критики кога е во прашање мојата работа со тимот. Јас не се замарав со критиките кога бев фудбалер, а истото го правам и сега кога сум тренер. Целосно сум фокусиран на мојата работа, мислам од ден за ден и се обидувам на секаков можен начин да ја подобрам играта на Јувентус. Испуштивме неколку важни бодови, но сега не е време да се гледа табелата, се уште е рано, изјави предводникот на „старата дама“, Андреа Пирло.

Нови три бода на своето конто треба да запишат и фудбалерите на ПСЖ, кои имаат обврска да слават на дуелот против австрискиот преставник РБ Салцбург.

Денеска на програмата: ГРУПА Е: Челзи – Рен, Севилја – Кранодар. ГРУПА Ф: Зенит – Лацио, Бриж – Борусија Д. ГРУПА Г: Барселона – Динамо К., Ференцварош – Јувентус. ГРУПА Х: Истанбул Б. – Манчестер Ј., РБ Салцбург – ПСЖ.