УЈП изготви кривични пријави за Меѓународен сојуз на Боки 13, БЈМ Медиа Груп и Томато продукција

210

Управата за јавни приходи изготви три кривични пријави за субјекти поврзани со случајот Рекет.

Како што информираат оттаму, како резултат на контролите вршени во изминатиот период, кривични пријави наскоро ќе бидат процесуирани за невладината организација на Боки 13 Меѓународен сојуз, за Томато продукција и БЈМ медиа Груп, која ја основаше 1ТВ и чиј сопственик е таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

Повеќе детали не се откриваат, но како што е пзнато, есенва УЈП ја прошири истрагата за случајот Рекет и почна контрола на работењето на фирмите поврзани со Бојан Јиованиовски, попознат како Боки 13.

Според информациите што тогаш ги даде УЈП, во фирмите на Јовановски се вршела даночна контрола, која не била по налог на Јавното обвинителство, туку на сосптвена иницијатива на Управата, но со намера сомнителните наоди да им се предадат на обвинителите, што сега и се прави.

Исто така, на почеток на контролите УЈП прецизираше дека нема да се утврдува потеклото на парите, туку ќе се проверува дали за платите, хонорарите и за другите исплати во контролираните субјекти бил плаќан данок.