УЈП: Во е-Персонален данок регистрирани 656.000 граѓани, процесот е 100% успешен

69

Во текот на 2018 година при спроведување на реформата „Поедноставување на процедурите за пријавување и пресметување на персонален данок“ Управата за јавни приходи континуирано даваше подршка на корисниците на системот е- Персонален данок, а во последните три месеци од изминатата година на располагање ги стави сите свои ресурси и кадри во насока на успешно регистрирање на физичките лица.

– Известуваме дека во системот е-Персонален данок се регистрирани 656 000 граѓани, што претставува речиси 100% успешност на процесот на регистрација на електронскиот систем Е-ПДД,  со оглед дека од оваа обврска во наредните седум години сe ослободени граѓаните кои примаат пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Р.Македонија, информираат од УЈП.

Оттаму додаваат дека даночните канцеларии како и електронскиот систем остануваат во функција за граѓаните кои од одредени причини досега не се регистрирале на системот Е-ПДД и истовремено ги повикува истото да го сторат во најкраток можен рок или да не контактираат на контакт телефоните 0800 33 00 и 02/3253 200 доколку имаат потреба од помош.

– Управата за јавни приходи ќе вложи максимални напори сите лица да ја добијат својата Годишна даночна пријава, којашто граѓаните преку електронскиот систем ќе можат да ја потврдат или да ја коригираат до 31 Мај 2019.  Воедно, Управата за јавни приходи изразува благодарност до граѓаните, како и до медиумите за клучниот придонес за успешна реализација на реформата е-Персонален данок, информираат од Управата за јавни приходи.