Уште 42 Руси под бело знаме

58

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) го одобри барањето на уште 42 руски претставници да се натпреваруваат под „неутрално знаме“ оваа година.

ИААФ ги суспендираше Русите во ноември 2015 година поради систематски допинг со помош на државата. Од тогаш се занимава со поедини ситуации, па на одреден број атлетичари им беше дозволено да се натпреваруваа под бело знаме. Новата група исто така доби одобрение  на почетокот од неделава, а како што се наведува, спортистите ги исполниле сите критериуми.

Во соопштението се истакнува дека приоритет имале оние спортисти за следуваат посериозни натпреварувања.