И додека обично вариме црвено вино и го ароматизираме со разни адитиви, белото е донекаде занемарено – и тоа без причина, бидејќи оваа полесна варијанта има помалку калории, а напитокот е дури и повкусен.
Белото вино одлично оди со портокалот, па затоа е негов главен додаток. Секако, неизбежното каранфилче го дава тој посебен, карактеристичен мирис, додека капка бурбон е вистинско освежување во оваа варијанта, пренесува Задепна.хр.
Состојки:
1 л бело вино
Половина литар вода
Три портокали
Шеќер (количина по желба)
Лажица јаворов сируп (или шеќер)
Стапче цимет
6-8 каранфилче
Лажичка бурбон, по желба
Подготовка:
Исцедете го сокот од портокал и измешајте го со виното, па додадете ги сите останати состојки. Откако виното ќе зоврие, намалете ја топлината и варете уште 15 минути. Декорирајте по желба.